КАНСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ ОДЛОЖЕН ЗА ЈУЛИ

    КАНСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ ОДЛОЖЕН ЗА ЈУЛИПоследен пат Канскиот филмски фестивал се одржа во 2019. (Фото: ЕПА)

    Канскиот филмски фестивал, кој лани беше откажан поради пандемијата на ковид-19, годинава го поместува вообичаениот термин од мај во јули, со надеж дека ќе може да се одржи со публика и гости.

    Фестивалот објави дека ќе се одржи од 6 до 17 јули. Лани на два пати го одложуваше, за јуни па за јули, за на крај целосно да го откаже.

    Годинава се цврсто решени да се одржи фестивалот, иако организаторите сѐ уште не го објавија форматот.

    Лани само Венецискиот филмски фестивал се одржа со публика и гости, а годинашното Берлинале ќе има онлајн настани во март, а налето ќе се доделат филмските награди.

    За време на пандемијата, славната фестивалска палата се користеше за третман и хоспитализација на ковид пациенти, а од неодамна и како центар за вакцинација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира