ИЛИЈА ДА ДОЈДЕ НА ПРОТЕСТ ДА ВИДИ ШТО Е МОБИНГ, ПОРАЧА ЛИЛЕ СТЕЧАЈКАТА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИЛИЈА ДА ДОЈДЕ НА ПРОТЕСТ ДА ВИДИ ШТО Е МОБИНГ, ПОРАЧА ЛИЛЕ СТЕЧАЈКАТА

    „Илија да дојде на протест со стечајците па да види што е мобинг, а не да се седи во фотелја во собранието и да филозофира“, ваква порака му упати лидерката на стечајните работници Љиљана Георгиевска на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски од денешниот протест на стечајците во Куманово.

    „Господинот Димовски се жали дека му се врши мобинг во собранието, што ме запрепасти. Ако на некој му се врши мобинг во оваа држава, тоа е на оваа категорија на поранешни работници. Оставени сами на себе, без основни услови за егзистенција, соочени со извршители, а државата наместо да им помогне дополнително се изживува со нас. Го повикувам јавно пратеникот Илија Димовски да дојде, а не да се крие, еднаш дури побегна во женски тоалет од нас кога влеговаме во собранието. И не само тој, туку и сите останати пратеници и од позицијата и од опозицијата да ни се придружат за да видат со што се се соочуваме“, вели Георгиевска.

    Кога пред три недели стечајците најавија дека ќе го блокираат автопатот Куманово-Скопје, Георгиевска беше повикана во полициската станица каде била предупредена да не го организира протестот бидејќи ќе се соочи со кривична пријава. Таа вели дека по изјавата на Димовски дошле на идеја да ја тужат државата и да побараат оштета за долгодишниот мобинг. Веќе започнале консултации со адвокати да поднесат тужба до меѓународен суд.

    Стечајците и денеска два часа го блокираа сообраќајот на влезот во Куманово и побараа да бидат обесштетени со по 6.000 месечно за да можат да ги плаќаат давачките кон државата.

    „Си ги бараме уставно загарантираните права од пратениците кои поради партиски интереси неќат да го изгласаат нашиот предлог-закон веќе пет пати. Не бараме нешто што не може да се исполни. Тие пари ќе бидат од државата за државата, за лекарства за џакче брашно, за сметки. Овие работници на сила се истерани од своите работни места не ја напуштиле сами работата. Буџетот е три милијарди евра, па еве добра прилика да издвојат пари за 4.000 стечајни работници и да заврши оваа наша голгота“, додава Георгиевска.

    Таа најави дека протестот ќе продолжи секој понеделник и петок, а за три недели ќе создадат група од оние што се здрави да одат пеш на протестен марш на релацијата Кумано-Скопје. На тој начин сакаат ги разбудат институциите, политичките партии и невладините организации да помогнат да им се реши нивниот статус.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира