Францускиот премиер Жан Кастекс најави построги ограничувања за патувања, но уште еднаш ги отфрли повиците за воведување ново национално затворање.
Почнувајќи од утре, ќе бидат забранети сите несуштински патувања од земјите кои не се членки на Европска Унија, а полицијата ќе го засили своето присуство за да се обезбеди почитувањето на полицискиот час, кој трае од 18 до шест часот.
И покрај заострувањето на мерките во последно време, Франција и натаму има голема дневна бројка на нови случаи на зараза. Здравствените власти предлагаа да се воведе нов карантин поради преоптовареноста на болниците и ширењето на новите варијатни на коронавирус. Кастекс вчера кажа дека нема потреба од тоа.
„Ги знаеме штетните последици на затворањето. Гледајќи ги бројките од изминатите неколку дена, заклучивме дека можеме да си дадеме шанса да избегнеме нов карантин“, изјави Кастекс.
Патниците кои доаѓаат од внатрешноста на ЕУ ќе мора да приложат негативен ПЦР тест.