Избеганиот Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски во јули 2011 година на прославата на ВМРО-ДПМНЕ, уапсен е попладнево во Софија. Бугарската полиција попладнево го известила МВР дека бараниот Спасов со меѓународна потерница е фатен во главниот град.
Спасов последен пат в затвор беше виден на 18 август 2019 година, кога по којзнае кој пат Штипскиот суд му даде отсуство за да се лекува, по препорака на вешто лице.
Тој требаше да се врати назад по 2 месеца, но не го стори тоа. На 28 октомври 2019 Основниот суд Штип распиша потерница по него.
С. К. ДЕЛЕВСКА