ТЕТОВСКАТА ПОЛИЦИЈА ФАТИЛА НАД 30 ВОЗАЧИ КОИ НЕЗАКОНСКИ КОРИСТЕЛЕ СИГНАЛНИ СВЕТЛА ЗА ДА НЕ ПЛАТАТ ПАТАРИНА

    ТЕТОВСКАТА ПОЛИЦИЈА ФАТИЛА НАД 30 ВОЗАЧИ КОИ НЕЗАКОНСКИ КОРИСТЕЛЕ СИГНАЛНИ СВЕТЛА ЗА ДА НЕ ПЛАТАТ ПАТАРИНАПолицијата фатила и казнила мотоциклист кој се движел со 160 километри на час низ Тетово (Фото: СДК.МК)

    Меѓу тетовци во последниов период во „мода“ е користење на таканаречени флешери, сигнални уреди какви што поседуваат полициските возила или возилата со приоритет на минување.

    „Полициски службеници од ПС Тетово му изрекоа соодветна казна на Ш. С. (20), кој со ауди со тетовски регистерски таблички незаконски, со употреба на флешери и сирена, поминал без да плати патарина на наплатната станица Желино. Ш. С. во службениот разговор го признал делото, а флешерите‘ се демонтирани. МВР во соработка со Државниот инспекторат за транспорт на 31 јануари и 1 февруари санкционираше 32 лица за незаконско користење на флешери‘, со цел да избегнат плаќање патарина“, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

    Протестите што минатата недела ги одржаа тетовци против брзото возење низ градските улици не допираат до несовесните возачи. При акциска контрола на тетовската полиција, во која е користен ноќен радар“, биле фатени и санкционирани 31 возач кои возеле побрзо од дозволеното.

    „Меѓу казнетите се и мотоциклист кој се движел со 160 километри на час, како и патнички моторни возила чија брзина била над 130 километри на час. Акциската контрола била извршена од 22 до 24 часот на улицата Маршал Тито во Тетово, на потегот од Монопол кон приклучокот на автопат. На сите прекршители им се изготвени соодветни платни налози“, вели Јосифовски.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира