9 ЗАГИНАТИ И 140 ИСЧЕЗНАТИ ОТКАКО ГЛЕЧЕР СЕ СКРШИ ОД ХИМАЛАИТЕ ВО ИНДИЈА И СРУШИ ДВЕ БРАНИ

    9 ЗАГИНАТИ И 140 ИСЧЕЗНАТИ ОТКАКО ГЛЕЧЕР СЕ СКРШИ ОД ХИМАЛАИТЕ ВО ИНДИЈА И СРУШИ ДВЕ БРАНИГлечерот предизвика поплави и сруши две брани, оштетувајќи голем број домови. (Фото: АП)

    Властите во Индија почнаа спасувачка операција откако дел од глечер од Хималаите се скрши, предизвика поплави и сруши две брани, оштетувајќи голем број домови. Најмалку девет лица загинаа, а 140 се водат за исчезнати. Поплавата беше предизвикана откако утрово дел од глечерот Нанда Деви се скрши во областа Тапован, на северот на државата Утараканд.

    Хидроцентралата Ришиганга на реката Алаканда е уништена, додека хидроцентралата на Даулиганга е оштетена. Двете реки извираат од Хималаите и се спојуваат пред да се влеат во Ганг.

    Портпаролот на паравоеаната индо-тибетска гранична полиција Вивек Панди изјави дека сите 12 работници биле заробени во тунел кај реката Даулиганга, но се спасени. Тој додаде дека 140 работници кои работеле на проект на хидроцентралата Ришинганга се водат за исчезнати.

    Акцијата ја водат војници кои се експерти во планинарење и спасувачки операции.

    „Ситуацијата е под контрола и нема место за паника“, рече тој. Жителите на голем број села од бреговите на двете река биле евакуирани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира