СКОПЈЕ ВЕЛО ГРАД БЕЗ МОЖНОСТ ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ ВЕЛОСИПЕДИ

    СКОПЈЕ ВЕЛО ГРАД БЕЗ МОЖНОСТ ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ ВЕЛОСИПЕДИОд Град Скопје велат дека работат на воведување систем за самоизнајмување на велосипеди, но не кажуваат кога тој ќе стартува.(Фото: СДК.МК)

    Во Скопје не може да се изнајми велосипед бидејќи проектот кој беше воведен во 2010 не функционира веќе шест години. Со доаѓањето на новата градска аминистрација пред три години беше најавено дека овој проект ќе се обнови и унапреди. Градските власти го промовираат велосипедот како средство за превоз на граѓаните, се изведуваат велосипедски патеки и се доделуваат субвенции за купување велосипеди, ама пунктови за изнајмување нема.

    Од Град Скопје велат дека работат на воведување на јавен систем за споделување или самоизнајмување на велосипеди, но не кажуваат кога тој ќе стартува.

    „Во моментов се работи на подготовка на проектите со кои се предвидува поставување на овој систем на 30 локации во градот Скопје, опремени со терминал за самоизнајмување на велосипед и 20 држачи за велосипедите. Целта е да се овозможи непречено функционирање, продолжување, но пред се унапредување  и модернизација на минатиот проект ‘Изнајми велосипед‘ , а истиот се разликува од претходниот бидејќи целосно ќе се користи понапредна технологија на изнајмување на велосипеди. Ќе се користи модерен систем на наплата, велосипедите ќе имаат вградени ГПС локатори и слично“, велат од Град Скопје.

    Минатата недела ЈП „Градски паркинг“ донесе одлука да ги продаде сите велосипеди и тротинети кои без купени за проектот „Изнајми велосипед“. Овој проект функционираше мопет години, но и тогаш имаше проблеми во неговото спроведување. Велосипеди можеа да се изнајмат само на затворените паркинзи на ЈП „Градски паркинг“, а велосипедите за многу кратко време беа искршени или пак украдени.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира