РОЗОВА ПРОШЕТКА И РОЗОВА ТРКА ЗА ПОДДРШКА НА БОЛНИТЕ ОД РАК НА ДОЈКА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    РОЗОВА ПРОШЕТКА И РОЗОВА ТРКА ЗА ПОДДРШКА НА БОЛНИТЕ ОД РАК НА ДОЈКА

    Со традициналната розова прошетка, а од годинава и со розова трка, стотици луѓе, денес во Градски парк во Скопје им дадоа поддршка на болните од рак на дојка. Меѓу оние што учествуваа во прошетката имаше и жени кои во моментов се борат или веќе се избориле со ракот на дојка. Манифестацијата „Напред Розово 2016“, годинава се одржува по осми пат, а ја организира здружението „Борка-За секој нов ден“ со поддршка од амбасадата на САД во земјава и компанијата „Пелистерка“.

    Рекреативни тркачи, професионални атлетичари, мајки со бебиња во колички, мали девојчиња, повозрасни жени, но и членови на нивните семејства, беа дел од розовата трка во Градски парк во должина од еден километар. По завршувањето на трката, сите учесници на манифестацијата облечени во розови маички заедно се упатија на симболична прошетка низ паркот преку која ја искажаа својата поддршка за оние што се борат со рак на дојка.

    Биба Додева, претседател на „Борка“, рече дека ракот може да се победи исклучиво преку вложување во професионално и етичко работење.

    „Тоа подразбира навремена дијагноза, ефективно лекување и достапност до современ третман и терапии. И покрај сите заложби на граѓанскиот сектор, здравствените институции и Владата, состојбата во нашата земја е алармантна и ни укажува дека малигните заболувања мора да станат приоритет на здравствените власти преку интензивно градење на одржлива Национална стратегија за контрола на ракот“, рече Додева.

    Маичките од годинешната манифестација се продаваа по 350 денари, а сите собрани средства здружението „Борка“ ќе ги употреби за психосоцијална помош и за перики за заболените жени, посета на болните на Клиниката за онкологија, како и за едукација на населението од целата земја.

    „Среќна сум што денеска гледам дека дојдоа толку многу луѓе за оваа важна цел. Ракот на дојка е една од водечките причини за смртност меѓу жените во САД и во Македонија. Настани како денешната прошетка се одлична можност за споделување информации, како што се важноста на самопрегледите и на раното откривање, што може да им помогне на луѓето да живеат подолг и поздрав живот“, рече Михаела Швајцер Блум, заменик на шефот на мисијата на амбасадата на САД во Македонија

    Лани во земјава се откриени околу 1.200 нови случаи на рак на дојка, а според бројот на смртни случаи од рак, Македонија е на трето место во Европа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира