Компјутерски хакер успеал да пристапи до водоводниот систем во град во Флорида и се обидел да уфрли опасно количество на хемикалии, објавија официјални лица. Тој за кратко го зголемил нивото на натриум хидроксид во системот за третирање води во Олдсмар, пред еден вработен да го забележи и спречи процесот.
Натриум хидроксид се користи во мали количини за да ја контролира киселоста, но во големи дози може да предизвика големи штети во водата.
Градоначалникот Ерик Сидел го потврди инцидентот, но кажа дека досега никој не е уапсен.
„Не знаеме дали нападот е изведен од внатрешноста на земјата или однадвор“, изјави Сидел.
Вработен во погонот забележал два обида да се упадне во системот и при вториот дошло до зголемување на нивото на натриум хидроксид од 100 единици на милион на 11.100. Тој брзо реагирал и го вратил нивото во нормала. Властите кажаа дека водата е безбедна за пиење.
Натриум хидроксид е главна состојка на средствата за чистење одводи и може да предизвика иритација на кожата и очите, а ако со голтне, и повраќање и пролив.