ГРАД СКОПЈЕ КУПИ ДЕСЕТ МЕТЛАЧКИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ТРОТОАРИТЕ

    ГРАД СКОПЈЕ КУПИ ДЕСЕТ МЕТЛАЧКИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ТРОТОАРИТЕНовите машини ќе бидат распоредени во сите скопските општини.(Фото:К.Попов)

    Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ купија десет метлачки за чистење на тротоарите и вело патеките низ градот. Новите машини ќе бидат распоредени во сите скопските општини.

    „Овие машини се од 47 комунални возила што ќе бидат набавени оваа година. Во 2019 година почнавме со нов концепт за третман на комуналниот отпад, тогаш беше набавена сериозна механизација, ова денеска е втора фаза, а во третата фаза пролетва ќе пристигнат преостанатите 37 возила. Со тоа, ги подобруваме перформансите на јавното претпријатие ‘Комунална хигиена‘ и го намалуваме материјалниот трошок за неговото работење. Покрај контејнерите и кантите за џебен отпад што ги поставивме во изминативе две години ова ќе помогне да имаме целосно поинаков концепт на третман на јавните површини“, рече градоначалникот Петре Шилегов, на денешната промоција на новите машини за чистење.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира