Брус Спрингстин бил уапсен во Њу Џерси пред три месеци и обвинет за возење во пијана состојба, потврдија официјални лица. Тој треба да се појави на суд во наредните неколку недели.
Седумдесет и едногодишниот рок ветеран претходно бил фатен како пие алкохол во национален парк, чија портпаролка изјави дека тој соработувал со нив. Апсењето на Спрингстин уследило неколку недели по излегувањето на неговиот 20. албум „Писмо за тебе“.
Спрингстин неодамна сними реклама за „Џип“, што беше емитувана за време на Супербоул. Таа во меѓувреме била отстранета од Јутјуб каналот на „Џип“. Тој исто така настапи на музичкиот настан по повод инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден.