ВРЕМЕ Е ДА ПОЧНЕТЕ ДА НОСИТЕ ПОДОБРА МАСКА, ДУРИ И ДВЕ ОДЕДНАШ, ВЕЛАТ ЕКСПЕРТИТЕ

    ВРЕМЕ Е ДА ПОЧНЕТЕ ДА НОСИТЕ ПОДОБРА МАСКА, ДУРИ И ДВЕ ОДЕДНАШ, ВЕЛАТ ЕКСПЕРТИТЕКН95 и ФФП2 се златен стандард за маски и гарантираат слично ниво на филтрација (Фото: К. Попов)

    Како што се шират нови, попреносливи варијанти на коронавирус, експертите велат дека е време да почнете да носите подобра маска, што подразбира и истовремено носење на хируршка и платнена маска.

    Научниците веќе некое време се согласуваат дека главен начин на пренесување на вирусот е преку воздух, а не преку површини. Новите варијанти како британската (Б.1.1.7.) се сметаат за уште попреносливи и им треба помало вирусно количество од оригиналниот вирус за да предизвикаат симптоматски ковид-19.

    Во периодот кога експертите почнаа да препорачуваат да се носи маска, опција беа и помодните варијанти, како бандани, но тие се далеку од идеални.

    Колку добро функционира маска, зависи од две работи: филтрација и легнување. Дури и мала празнина може да доведе до намалување на перформансите за 50 отсто. Најдобрите материјали за блокирање мали честички се неплетен полипропилен, што се користи во повеќето хируршки маски и во маските Н95 и ХЕПА филтрите од авионите. Од ткаенините, најдобро делува цврсто плетениот памук. Ако носите платнена маска, изберете една со повеќе слоеви“, вели Линзи Мар, професорка по цивилно и еколошко инженерство на Вирџинија Тек.

    Американските центри за контрола и превенција на болести велат дека тесните маски или носење платнена врз хируршка маска може да ја намали трансмисијата за повеќе од 95%. Хируршките, сини маски се направени од квалитетен материјал, но олабавуваат, па е пожелно врз неа да се носи платнена. Тоа ја подобрува и филтрацијата, велат експертите.

    Друга опција се маските Н95, КН95 и ФФП2.

    Тие се златен стандард за маски. Сите тие гарантираат слично ниво на филтрација, односно заштита од излегување и влегување на честичките“, вели здравствениот експерт Рану Дилон од медицинското училиште Харвард.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира