ПРВИОТ ЧОВЕК НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ТОКИО ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОТКАКО ИЗЈАВИ ДЕКА ЖЕНИТЕ ПРЕМНОГУ ЗБОРУВААТ

    ПРВИОТ ЧОВЕК НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ТОКИО ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОТКАКО ИЗЈАВИ ДЕКА ЖЕНИТЕ ПРЕМНОГУ ЗБОРУВААТЈоширо Мори се наоѓаше под силен притисок на јавноста цела недела (Фото: ЕПА)

    Шефот на Организацискиот комитет на Летните Олимписки игри во Токио Јоширо Мори поднесе оставка поради неговите недолични изјави за жените.

    Тој се наоѓаше под силен притисок на јавноста цела недела откако изјави дека жените премногу зборуваат и дека состаноци на управен одбор во кој има многу жени би одземале премногу време. Набргу потоа се извини, но не сакаше да даде оставка.

    Мори денеска уште еднаш се извини за своите недолични забелешки.

    „Она што е важно е да ги одржиме Олимписките игри во јули. Моето присуство не смее да биде пречка за тоа“, изјави 83-годишниот Мори.

    Управниот одбор на Јапонскиот олимписки комитет брои 24 членови, од кои само пет се жени, иако во 2019 си постави за цел тие да бидат барем 40%.

    „Ако го зголемиме бројот на женски членови, ќе мора да се осигураме нивното зборување да биде ограничено зашто тие тешко завршуваат разговор, што е досадно“, кажал Мори на еден состанок.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира