СЕНАТОТ НЕ ГО ОСУДИ ТРАМП, НО СЕДУМ РЕПУБЛИКАНЦИ ГЛАСАА ПРОТИВ НЕГО

    СЕНАТОТ НЕ ГО ОСУДИ ТРАМП, НО СЕДУМ РЕПУБЛИКАНЦИ ГЛАСАА ПРОТИВ НЕГОЗа осуда беше потребно двотретинско мнозинство. (Фото: Си-Спен/принтскрин)

    Поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше ослободен од Сенатот за обвинението дека го поттикнал упадот во Конгресот на 6 јануари. За осуда на Трамп гласаа 57 сенатори, вклучувајќи седуммина од неговата Републиканска партија, како и сите 50 од Демократската партија,  а дека не е виновен гласаа 43. За осуда е потребно двотретинско мнозинство.

    Обвинението во Сенатот е политичко, а не кривично. Ослободувањето значи дека Сенатот не го разреши Трамп од претседателската функција, но тој и онака веќе не е претседател. Сепак, ако Трамп беше осуден, Сенатот можеше да гласа и да му забрани повторно да се кандидира за каква било функција во иднина.

    Претставничкиот дом го отповика Трамп на 13 јануари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира