„ФЕЈСБУК“ ГИ БЛОКИРАШЕ ВЕСТИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА

    „ФЕЈСБУК“ ГИ БЛОКИРАШЕ ВЕСТИТЕ ВО АВСТРАЛИЈАОвој потег беше осуден од медиумски групи, политичари и групи за човекови права во Австралија и пошироко. (Фото: АП)

    „Фејсбук“ ги блокираше вестите во Австралија во изненадувачката ескалација на спорот со владата, што може да биде тест за иднината на онлајн издаваштвото ширум светот. Овој потег беше осуден од медиумски групи, политичари и групи за човекови права во Австралија и пошироко, бидејќи стана јасно дека официјалните здравствени страници и предупредувањата за итни случаи беа избришани заедно со новинските страници, само три дена пред лансирањето на националната програма за вакцинација против ковид-19.

    „Дејствијата на ‘Фејсбук’ за да ја отпријатели Австралија денес, прекинувајќи ги основните информации за здравствените и итните служби, се исто толку арогантни, колку и разочарувачки“, напиша премиерот Скот Морисон на својата фејсбук страница. „Овие активности само ќе ја потврдат загриженоста што сè поголем број земји ја изразуваат во врска со однесувањето на големите техно компании кои сметаат дека се поголеми од владите и дека правилата не треба да важат за нив“.

    Спорот се фокусира на планираниот австралиски закон, според кој „Фејсбук“ и „Гугл“ треба да склучуваат комерцијални зделки за плаќање на новинските куќи чии врски водат сообраќај до нивните платформи или да договорат цена преку арбитража.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира