Осумдесет и пет отсто од компаниите во земјава се подготвени да примаат ученици на практична настава, вели министерката за образование и наука Мила Царовска. Министерството за образование и наука (МОН), спроведе анализа во која учествувале 450 компании.
Министерката периодов ја тера серијата консултации под мотото „Учи паметно, работи стручно“ со директори на средните стручни училишта и претставници на реалниот сектор . Денеска беше во Кочани и Виница и разговараа за тоа кои образовни профили треба да се отворат во учебната 2021/2022 година.
„Во голем број општини е договорено отворање на 2-3 дуални паралелки. Модуларното средно стручно дава можност за комбинирање во една паралелка на неколку профили. Политиката на стипендирање ќе ја следи уписната политика, ќе се објават огласи за стипендии паралелно со огласите за уписи, со што ќе бидат мотивирани повеќе ученици да се запишат на бараните профили“, рече Царовска.