АВСТРАЛИЈА ПРВА НА СВЕТОТ ДОНЕСЕ ЗАКОН СО КОЈ ФЕЈСБУК И ГУГЛ СЕ ОБВРЗУВААТ ДА ПЛАЌААТ ЗА МЕДИУМСКИ СОДРЖИНИ

    АВСТРАЛИЈА ПРВА НА СВЕТОТ ДОНЕСЕ ЗАКОН СО КОЈ ФЕЈСБУК И ГУГЛ СЕ ОБВРЗУВААТ ДА ПЛАЌААТ ЗА МЕДИУМСКИ СОДРЖИНИФејсбук минатата недела ги блокираше сите вести на својата платформа во Австралија (Фото: Гети)

    Австралија е првата земја на светот која донесе закон според кој Фејсбук и Гугл ќе мора да плаќаат за медиумските содржини на своите платформи.

    Двата технолошки гиганта жестоко се спротивставуваа на законскиот код, па Фејсбук минатата недела ги блокираше сите вести во Австралија, но одлуката беше поништена после неколку дена по преговори со владата.

    По овие разговори беа усвоени нови амандмани на законот, кој овозможи Фејсбук и Гугл да не бидат подложени на кодот. Сепак, двете компании сега се обврзани да платат богати износи на некои австралиски издавачи кои не се опфатени со кодот.

    Австралискиот закон се гледа како тест за можно донесување слични регулативи во други земји. Фејсбук и Гугл велат дека законот погрешно сфаќа на кој начин функционира интернет.

    Законот ги поттикнува медиумите и двете технолошки компании меѓусебно да се договорат за плаќањето, а ако овие разговори пропаднат, тогаш може да се оди на независна арбитража.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира