САД ЈА ОДОБРИЈА ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 НА „ЏОНСОН И ЏОНСОН“ ЗА КОЈА ТРЕБА ЕДНА ДОЗА

    САД ЈА ОДОБРИЈА ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 НА „ЏОНСОН И ЏОНСОН“ ЗА КОЈА ТРЕБА ЕДНА ДОЗАТестирањата покажаа дека вакцината дава 85-процентна заштита од сериозна болест (Фото: АП)

    „Џонсон и Џонсон“ е третата вакцина против ковид-19 чија употреба беше одобрена од американските регулатори и прва за која е потребна само една доза. Таа се смета за поевтина алтернатива на вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ и може да се чува во обичен фрижидер, место на многу ниски температури.

    Тестирањата покажаа дека таа дава 85-процентна заштита од сериозни облици на ковид-19, а севкупно, нејзината ефективност изнесува 66%. Вакцината е производство на „Јансен“, холандската подружница на американската компанија „Џонсон и Џонсон“.

    Таа ќе почне да се користи во САД најрано до крајот на следната недела, 200 милиони дози нарача Европска Унија, а 500 милиони ќе бидат распределени преку Ковакс иницијативата.

    „Џонсон и Џонсон“ соопшти дека ќе побара итно одобрување на вакцината и од ЕУ и СЗО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира