ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАНИТЕ МОЖЕ ДА СЕ СРЕЌАВААТ БЕЗ МАСКА И НЕ МОРА ДА СЕ ТЕСТИРААТ АКО БИЛЕ ИЗЛОЖЕНИ НА КОВИД-19, ВЕЛАТ НОВИТЕ ПРЕПОРАКИ ВО САД

    ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАНИТЕ МОЖЕ ДА СЕ СРЕЌАВААТ БЕЗ МАСКА И НЕ МОРА ДА СЕ ТЕСТИРААТ АКО БИЛЕ ИЗЛОЖЕНИ НА КОВИД-19, ВЕЛАТ НОВИТЕ ПРЕПОРАКИ ВО САДОколу 30 милиони Американци досега примиле по две дози од вакцината (Фото: Гети)

    Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) соопшти дека целосно вакцинираните луѓе можат да се вратат во еден вид нормален живот. Оние кои примиле две дози можат да посетуваат други вакцинирани луѓе, па дури и некои невакцинирани, стои во новите препораки.

    Според ЦДЦ, луѓето се сметаат за целосно заштитени од ковид-19 после две недели од примањето на финалната доза од вакцината. Околу 30 милиони Американци досега примиле по две дози.

    Новите препораки велат дека целосно вакцинираните можат да се среќаваат надвор и без маска и социјално дистанцирање, како и со невакцинирани лица од едно домаќинство ако се во мал ризик од сериозно разболување од вирусот. Исто така, вакцинираните веќе не треба да се тестираат или да одат во карантин ако биле изложени на заразено лице, освен ако не развијат симптоми.

    Остануваат препораките да се избегнуваат несуштински патувања и големи групи луѓе и вакцинираните исто така треба да продолжат да носат маска и да држат социјална дистанца во јавност. ЦДЦ вели дека вакцинираните сѐ уште можат да го пренесат вирусот на невакцинираните, за што засега нема доволно податоци.

    САД досега регистрираа над 29 милиони заразени и 525.000 починати од ковид-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира