ЌЕ ГИ ВНЕСЕМЕ И АВСТРИЈЦИТЕ И РОМАНЦИТЕ ВО УСТАВОТ ПРЕД ДА ВЛЕЗЕМЕ ВО ЕУ, ВЕЛИ ЗАЕВ

    ЌЕ ГИ ВНЕСЕМЕ И АВСТРИЈЦИТЕ И РОМАНЦИТЕ ВО УСТАВОТ ПРЕД ДА ВЛЕЗЕМЕ ВО ЕУ, ВЕЛИ ЗАЕВ„Ние сме отворено општество, европска земја и ќе го следиме примерот на европските земји“, вели Заев. (Фото: Јутјуб/принтскрин)

    Премиерот Зоран Заев вели дека пред да влеземе во Европската унија ќе се отвора Уставот да се внесат помалубројните етнички заедници.

    Прашан за изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека сме спремни да ги внесеме Бугарите во Уставот, Заев одговори дека има спремност во Уставот да се внесат, не само Бугарите, туку и Хрватите, Торбешите, Египќаните, Австријците и Романците.

    „Пред влезот во ЕУ, мора да го отвориме Уставот. Една од причините се помалубројните заeдници кои живеат тука и треба да се внесат. Тоа го направи Хрватска пред влезот. Имаме спремност, не само за Бугарите, туку и за Хрватите, Торбешите, Египќаните, Австријците, Романците и други кои и да ги имаме од помалубројните етнички заедници. Ние сме отворено општество, европска земја и ќе го следиме примерот на европските земји“, кажа Заев на прес-конференцијата за презентација на новата владина агенда „Европа дома“.

    Во Преамбулата на Уставот се споменати „македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите’.

    За промена на Уставот е потребно двотретинско мнозинство во Собранието.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира