БУГАРИЈА НЕ ПОБАРАЛА, АМА АКО ТРЕБА ЌЕ ГИ СТАВИМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ, ВЕЛИ ОСМАНИ

    БУГАРИЈА НЕ ПОБАРАЛА, АМА АКО ТРЕБА ЌЕ ГИ СТАВИМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ, ВЕЛИ ОСМАНИ„Немаме никаква резерва по однос на прашањето Бугарите да бидат споменати како посебна етничка заденица во Уставот ако тоа им значи“, вели Османи. (Фото: СДК.МК)

    Министерот за надворешни работи Бујар Османи кажа дека ако треба Бугарите ќе бидат споменати во Уставот како посебна етничка заедница, иако досега никој го нема тоа побарано, во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

    „Бугарите во Северна Македонија треба да се чувствуваат како апсолутно слободни граѓани кои што може да се организираат во колективна заедница и ќе ги имаат сите права, па ако треба и нивно спомнување во Уставот кое што ќе го олесни после нивното организирање“, вели Османи, додавајќи дека нема никаква резерва по однос на прашањето Бугарите да бидат споменати како посебна етничка заденица во Уставот ако тоа им значи.

    На новинарско прашање дали Бугарија тоа го побарала во разговорите со него како министер за надворешни работи, Османи одговори:

    „Официјално не сум чул, ниту сме разговарале за ова“.

    Во Преамбулата на Уставот се споменати „македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите’.

    За промена на Уставот е потребно двотретинско мнозинство во Собранието.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира