ПОЛИЦАЕЦ ТЕШКО ПОВРЕДЕН НА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКА БРУТАЛНОСТ ВО АТИНА

    ПОЛИЦАЕЦ ТЕШКО ПОВРЕДЕН НА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКА БРУТАЛНОСТ ВО АТИНАПротестот беше одговор на видеото од неделата, на кое се гледа како полицајци претепуваат маж (Фото: Ројтерс)

    Тројца полицајци се повредени во судирите на вчерашниот протест против полициска бруталност во Атина. Полицијата потврди дека еден од нив се наоѓа во тешка состојба.

    Околу 5.000 луѓе излегоа на улиците на Атина откако се појави видео на кое се гледа како полицајци претепуваат маж во населбата Неа Смирни во неделата. Инцидентот наводно се случил за време на полициски час, што е на сила во регионот Атика.

    Демонстрантите гаѓаа полицајци и полициска станица со молотови коктели и камења, на што беше возвратено со солзавец и водени топови. Повредениот полицаец бил симнат од мотор и потоа претепан од демонстранти, соопшти полицијата.

    Уапсени се најмалку десет лица. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ги осуди насилствата.

    „Тажните слики на насилство што сите ги видовме во Атина нека бидат и последни. Животот на еден наш сограѓанин, млад полицаец, е загрозен и тоа сите треба да нѐ разбуди“, изјави Мицотакис.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира