СИТЕ ВОЗРАСНИ АМЕРИКАНЦИ ЌЕ БИДАТ ВАКЦИНИРАНИ ДО 1 МАЈ, НА 4 ЈУЛИ ЌЕ СЛАВИМЕ НЕЗАВИСНОСТ ОД КОВИД-19, КАЖА БАЈДЕН

    СИТЕ ВОЗРАСНИ АМЕРИКАНЦИ ЌЕ БИДАТ ВАКЦИНИРАНИ ДО 1 МАЈ, НА 4 ЈУЛИ ЌЕ СЛАВИМЕ НЕЗАВИСНОСТ ОД КОВИД-19, КАЖА БАЈДЕНБајден кажа дека сите возрасни Американци ќе може да се вакцинираат до 1 мај (Фото: АП)

    Џо Бајден се надева дека Америка ќе може да прогласи независност од коронавирусот на 4 јули ако луѓето се вакцинираат.

    Во своето прво обраќање во ударен термин како претседател, Бајден кажа дека сите возрасни ќе може да се вакцинираат до 1 мај, бидејќи според сегашните мерки, приоритет имаат луѓе според возраста и здравствената состојба. Тој се обрати на првата годишнина од прогласувањето на пандемијата на ковид-19, кој досега однесе половина милион животи во САД, повеќе од американските жртви во Првата и Втората светска војна и Корејската војна заедно.

    Минатиот март, Доналд Трамп ги суспендираше патувањата од Европа и Бајден кажа дека се надева дека САД повторно ќе може да се отворат до Велигден.

    „Ако го направиме ова сите заедно, има добри шанси со роднини и пријатели да се соберете во двор или во маало и со скара да го прославите не само Денот на независноста, туку и независност од вирусот“, кажа Бајден.

    Тој додаде дека ќе се зголеми бројот на местата каде што ќе се врши вакцинирање, што ќе можат да го спроведуваат и ветеринари и стоматолози.

    Пред да влезе во Белата куќа, Бајден изјави дека неговата цел е 100 милиони Американци да се вакцинираат во првите 100 дена од неговиот мандат и сега кажа дека тоа ќе биде достигнато за 60 дена.

    „Борбата е далеку од завршена. Сега не е време да се опуштиме“, рече Бајден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира