ПЕТ ЧЛЕНКИ НА ЕУ ПОБАРАА ОД БРИСЕЛ ДА ИМА ПОПРАВИЧНА РАСПРЕДЕЛБА НА ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОВИД-19

    ПЕТ ЧЛЕНКИ НА ЕУ ПОБАРАА ОД БРИСЕЛ ДА ИМА ПОПРАВИЧНА РАСПРЕДЕЛБА НА ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОВИД-19Австрија, Бугарија, Летонија, Словенија и Чешка велат дека сегашниот систем ќе продолжи да создава огромни разлики помеѓу земјите-членки (Фото: Ројтерс)

    Пет држави од Европска Унија го повикаа Брисел да одржи итен состанок на кој би се разговарало за обезбедување поправична дистрибуција на вакцините против ковид-19.

    Лидерите на Австрија, Бугарија, Летонија, Словенија и Чешка испратија заедничко писмо во кое истакнаа дека сегашниот систем ќе продолжи да создава огромни разлики помеѓу земјите-членки до летото, при што некои ќе успеат да постигнат колективен имунитет, а други многу ќе заостанат. Писмото е испратено до претседателите на Европската комисија и Европскиот совет, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел, од кои се бара што поскоро да отворат разговори на оваа важна тема.

    „Дозите не се распределуваат пропорционално помеѓу земјите-членки и се постигнуваат дополнителни договори за снабдување како резултат на нетранспарентното преговарање“, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц.

    Според него, Холандија и Данска обезбедиле значително поголемо количество вакцини од земји како Бугарија и Хрватска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира