НЕ ПРОНАЈДОВМЕ ДОКАЗИ ДЕКА НАШАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 ПРЕДИЗВИКУВА ТРОМБОЗА, ВЕЛИ „АСТРАЗЕНЕКА“

    НЕ ПРОНАЈДОВМЕ ДОКАЗИ ДЕКА НАШАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 ПРЕДИЗВИКУВА ТРОМБОЗА, ВЕЛИ „АСТРАЗЕНЕКА“17 милиони луѓе во Велика Британија и Европска Унија ја имаат примено вакцината на „АстраЗенека“ (Фото: Ројтерс)

    „АстраЗенека“ објави дека анализа на безбедносните податоци од луѓето кои се вакцинирале со нејзината вакцина против ковид-19 не понудила докази дека таа предизвикува згрутчување на крвта.

    Анализата на англиско-шведската фармацевтска компанија уследи откако здравствените власти во повеќе од десет држави ја запреа употребата на нејзината вакцина поради загриженоста за сериозни несакани ефекти. Холандија е последната земја која објави дека привремено ќе ја суспендира, најмалку до 29 март, придружувајќи им се на Ирска, Данска, Норвешка, Исланд, Бугарија, Тајланд…

    „Не смееме да дозволиме никакви сомнежи околу вакцината. Мора да бидеме сигурни дека сѐ е во ред, па мудро е да прекинеме со нејзиното користење“, изјави холандскиот министер за здравство Хуго де Јонге.

    Ова несомнено ќе ја забави имунизацијата во земјата, која нарача 12 милиони дози од „АстраЗенека“ и во наредните две недели требаше да ја примат речиси 300.000 луѓе.

    „АстраЗенека“ кажа дека не е откриена поврзаност помеѓу вакцината и зголемениот ризик од тромбоза.

    „Околу 17 милиони луѓе во Велика Британија и Европска Унија ја имаат примено вакцината и до минатата недела, регистрирани се 37 случаи на згрутчување на крвта и белодробна емболија. Тоа е далеку помалку од стотици случаи што може да се очекуваат во општата популација“, соопшти компанијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира