ПОЧИНА БИВШИОТ ТАПАНАР НА „ЛЕБ И СОЛ“ ДРАГОЉУБ ЃУРИЧИЌ

    ПОЧИНА БИВШИОТ ТАПАНАР НА „ЛЕБ И СОЛ“ ДРАГОЉУБ ЃУРИЧИЌЃуричиќ сними четири албуми со „Леб и сол“ (Фото: Танјуг)

    Драгољуб Ѓуричиќ, српскиот тапанар кој дел од кариерата помина и како член на „Леб и сол“, почина на 68 години од последиците на коронавирусот. Тој бил примен на интензивна нега на клиника во Белград на 24 февруари.

    Ѓуричиќ е роден во 1953 година во Цетиње и во рана младост почнал да свири рок музика, членувајќи во неколку групи во 1970-ите.

    По две години во „ЈУ група“, во почетокот на 1980-ите се придружи на „Леб и сол“, со кој сними три албуми за период од три години: „Следовање“ (1982), „Калабалак“ (1983) и „Тангента“ (1984). Потоа премина во српската хард рок група „Кербер“, по што се врати во „Леб и сол“ и го замени Гаро Тавитјан на албумот „Путујемо“ од 1989 година.

    Ѓуричиќ соработуваше и со „Ролинг стоунс“, Ѓорѓе Балашевиќ и Здравко Чолиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира