ЧЕТИРИГОДИШНО АУТИСТИЧНО ДЕТЕ ИСФРЛЕНО ОД АВИОН ЗАШТО БИЛО БЕЗ МАСКА

    ЧЕТИРИГОДИШНО АУТИСТИЧНО ДЕТЕ ИСФРЛЕНО ОД АВИОН ЗАШТО БИЛО БЕЗ МАСКА„Спирит ерлајнс“ соопшти дека аутизмот не го сметаат за попреченост (Фото: Ројтерс)

    Четиригодишно момче со аутизам било отстрането од авионски лет во САД откако авиокомпанијата одбила да ја признае неговата попреченост и инсистирала да носи маска.

    „Спирит ерлајнс“ соопшти дека сите патници на нејзините авиони мора да носат маска, освен оние под две години. Според американските препораки, од патниците со здравствена состојба не треба да се бара да носат маска.

    Мајката на момчето изјави дека тој многу сакал авиони и бил многу вознемирен откако го исфрлиле.

    „Патувавме од Лас Вегас и имавме лекарска белешка за состојбата на мојот син. Тој има аутизам и не разговара. Тој е исклучен од правилото дека мора да носи маска зашто секој пат кога ја носи, го задржува здивот или станува вознемирен и почнува да се повредува себеси“, изјави Кали Кимбол.

    Екипажот на „Спирит ерлајнс“ ги известил дека аутизмот не го сметаат за попреченост, па тој мора да носи маска или ќе биде исфрлен. Семејството Кимбол се вратило дома со друга компанија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира