„МОДЕРНА“ ЈА ТЕСТИРА ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 НА БЕБИЊА И ДЕЦА

    „МОДЕРНА“ ЈА ТЕСТИРА ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 НА БЕБИЊА И ДЕЦАИмунизацијата на деца и млади возрасни луѓе се смета за клучна за да се стави крај на пандемијата (Фото: Ројтерс)

    Американската фармацевтска компанија „Модерна“ започна со тестирањата на својата вакцина против ковид-19 на бебиња и млади деца. Компанијата планира да вклучи околу 6.750 деца од САД и Канада во своето истражување, а целта е да се утврди дали вакцината е безбедна и ефективна и за шестмесечни бебиња.

    Имунизацијата на деца и млади возрасни луѓе се смета за клучна за постигнување на нивото на колективен имунитет потребен да се стави крај на пандемијата. Иако кај децата постои значително помал ризик од сериозно разболување со ковид-19 отколку кај возрасните, тие можат да бидат преносители, особено меѓу тинејџери.

    Ова педијатарско истражување ќе ни помогне да ги процениме потенцијалната безбедност и имуногеноста на нашата вакцина кај оваа млада популација“, изјави извршниот директор на „Модерна“, Стефан Бансел.

    Во првата фаза, истражувачите ќе тестираат различни дози од вакцината. прилагодени на возраста на децата, за да видат кои најдобро делуваат. Дозите ќе се даваат во распон од 28 дена.

    И „Модерна“ и „Фајзер“ се во фаза на тестирање на својата вакцина на децата од 12 и повеќе години.

    Иако децата сочинуваат 22% од населението во САД, тие сочинуваат само 11,6% од сите случаи на ковид-19, според Центарот за контрола и превенција на болести.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира