САД ЌЕ ИСПРАТАТ ЧЕТИРИ МИЛИОНИ ВАКЦИНИ „АСТРАЗЕНЕКА“ ВО МЕКСИКО И КАНАДА

    САД ЌЕ ИСПРАТАТ ЧЕТИРИ МИЛИОНИ ВАКЦИНИ „АСТРАЗЕНЕКА“ ВО МЕКСИКО И КАНАДАБајден првпат одобри извоз на вакцини против ковид-19 (Фото: АП)

    САД ќе испратат четири милиони дози од вакцината на „АстраЗенека“ во Мексико и Канада, што ќе биде нивни прв извоз на вакцини против ковид-19, соопшти Белата куќа. Портпаролката Џен Псаки кажа дека 2,5 милиони дози ќе добие Мексико, а остатокот ќе биде испратен како заем во Канада.

    „Нашиот прв приоритет останува вакцинирањето на населението во САД, но важно е и нашите соседи да го скротат вирусот, што е клучен чекор во ставањето крај на пандемијата“, изјави Псаки.

    Вакцината на „АстраЗенека“ сѐ уште не се користи во САД, но е одобрена од Светската здравствена организација. САД имаат залиха од десетици милиони дози од оваа вакцина во случај да биде одобрена од регулаторите. Псаки кажа дека неколку земји побарале вакцини од САД, не наведувајќи кои.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира