ЈАПОНИЈА ЗАБРАНИ СТРАНСКА ПУБЛИКА ЗА ЛЕТНАТА ОЛИМПИЈАДА ВО ТОКИО

    ЈАПОНИЈА ЗАБРАНИ СТРАНСКА ПУБЛИКА ЗА ЛЕТНАТА ОЛИМПИЈАДА ВО ТОКИОЛетната олимпијада во Токио од лани е поместена за 23 јули годинава. (Фото: Гети)

    Ќе нема странска публика на летната Олимпијада и Параолимпијадата во Токио годинава, соопштија организаторите. Мерката се носи поради загриженост од ширењето на ковид-19.

    Јапонските власти им кажале на комитетите на Олимпијадата и Параолимпијадата дека е „многу веројатно оти влезот во земјата нема да биде дозволен“.

    Според организаторите, овој чекор ќе обезбеди „безбедни и сигурни Олимписки игри за сите учесници и за јапонската публика“.

    Летната олимпијада требаше да се одржи лани, но поради ковид пандемијата беше одложена, па нов термин е 23 јули 2021.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира