Берлинската филхармонија за првпат по повеќе месеци одржа концерт пред речиси полн салон, како дел од пилот-проект во кој околу 1.000 лица беа пуштени да влезат откако добија негативен тест на ковид-19. Билетите за концертот се распродоа за три минути, рече уметничкиот директор Андреа Сицшман. И покрај растот на новозаболени од ковид-19 во земјата, има сѐ почести апели да се вратат културните настани во живо.
Пред концертната сала е поставен специјален центар за брзи тестови, каде речиси половина од публиката беше тестирана, а резулатите ги добија на нивните мобилни телефони. Другата половина имаше закажани тестирања во други тест-центри. И покрај негативните ковид тестови, публиката мора да носи медицинска заштитина маска за време на целиот настан, и плус има празни места меѓу нив.
Повеќе културни институции во Берлин се здружија за пилот-проектот, па така за почетокот на април се закажи девет настани.