ЏАФЕРИ ЌЕ ПОЧЕКА ПРАТЕНИК ОД МНОЗИНСТВОТО ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ИЗОЛАЦИЈА ЗА ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ КВОРУМ, НЕ ГИ ПРИФАЌА БАРАЊАТА НА ВМРО-ДПМНЕ

    ЏАФЕРИ ЌЕ ПОЧЕКА ПРАТЕНИК ОД МНОЗИНСТВОТО ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ИЗОЛАЦИЈА ЗА ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ КВОРУМ, НЕ ГИ ПРИФАЌА БАРАЊАТА НА ВМРО-ДПМНЕЏафери ја обвини опозицијата дека ја злоупотребува здравствената состојба на пратениците, во услови на ковид-19. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе почека до четврток, кога ќе излезе еден од двајцата пратеници од мнозинството кои се во изолација, за да се одржи 36. седница, на која, меѓу другото, на дневен ред е и петтиот пакет мерки за помош на економијата. Џафери денеска одржа прес-конференција во Собрание по неуспешната средба со координаторите на пратеничките групи.

    Тој ја обвини опозицијата дека ја злоупотребува здравствената состојба на пратениците, во услови на ковид-19 и дека му поставуваат ултимативни предлози што не може да ги прифати и затоа ќе почека да излезе еден од двајцата пратеници во изолација за да се обезбеди кворум. 36. седница беше првично закажана за утре и на дневен ред има вкупно 30 точки.

    Пред Џафери, прес-конференција во Собранието одржа координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, кој кажа дека СДСМ и ДУИ го блокираат петтиот пакет економски мерки. Мицевски рече дека на средбата на координаторите тој предложил четирите точки со законите за економските мерки да се стават на посебна седница, но вели дека неговиот предлог бил одбиен од мнозинството.

    „Сакаат да ја искористат опозицијата да им обезбеди кворум и на утрешната закажана седница да протуркаат штетни закони за кои треба да се дебатира, бидејќи сметаме дека се штетни за граѓаните и државата“, изјави Мицевски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира