„АСТРАЗЕНЕКА“ КРИЕЛА 29 МИЛИОНИ ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОВИД-19 ВО ИТАЛИЈА

    „АСТРАЗЕНЕКА“ КРИЕЛА 29 МИЛИОНИ ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОВИД-19 ВО ИТАЛИЈАВакцините биле складирани во една фабрика и веројатно биле наменети за Велика Британија (Фото: Гети)

    Италијанските власти пронашле 29 милиони вакцини против ковид-19 од „АстраЗенека“, кои биле складирани во еден производствен погон во земјата.

    Според весникот „Ла Стампа“, тие најверојатно потекнуваат од фабриката на компанијата во Холандија, која сѐ уште не добила дозвола за производство во Европска Унија. Весникот цитира извори од Брисел, кои велат дека вакцините веројатно биле наменети за Велика Британија, но извозот бил блокиран од забраната што ја воведе ЕУ.

    „Ла Стампа“ пишува дека „АстраЗенека“ не ги известила европските власти за овие дози, кои биле складирани во градот Ањани.

    Откритието доаѓа среде жестоките критики на кои е изложена „АстраЗенека“, откако не успеа да ги испорача договорените количества на вакцини. „АстраЗенека“ последно вети дека ќе испорача само една четвртина од предвидените 30 милиони дози, колку што се пронајдени во Ањани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира