МЕРКЕЛ СЕ ОТКАЖА ОД ЦЕЛОСНОТО ЗАТВОРАЊЕ НА ГЕРМАНИЈА ЗА ВЕЛИГДЕН И СЕ ИЗВИНИ ЗА СВОЈАТА ГРЕШКА

    МЕРКЕЛ СЕ ОТКАЖА ОД ЦЕЛОСНОТО ЗАТВОРАЊЕ НА ГЕРМАНИЈА ЗА ВЕЛИГДЕН И СЕ ИЗВИНИ ЗА СВОЈАТА ГРЕШКАПланот на Меркел предвидуваше затворање на продавниците и црквите на пет дена (Фото: Ројтерс)

    Ангела Меркел се откажа од плановите за целосно затворање на Германија за Велигден откако се соочи со жестоки критики за нејзината одлука, што ја опиша како грешка.

    Тоа беше моја лична грешка“, призна Меркел по денешниот вонреден состанок со премиерите на 16-те сојузни покраини.

    Таа изрази жалење што нејзиниот предлог за петдневно затворање на сите продавници и цркви предизвикал дополнителна неизвесност и побара од јавноста да ѝ прости.

    Ова следува само два дена по маратонскиот состанок на Меркел и регионалните лидери, на кој беше договорено делумното затворање на земјата да продолжи до 18 април, а од 1 до 5 мај на сила да бидат уште построги рестрикции, со цел да се прекине третиот бран на коронавирусот. Мерките предизвикаа остра реакција на епидемиолозите, бизнис заедницата и политичките сојузници на Меркел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира