408 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ДОСЕГА ВО МАРТ, 160 ПОВЕЌЕ ОД ЦЕЛ ФЕВРУАРИ

    408 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ДОСЕГА ВО МАРТ, 160 ПОВЕЌЕ ОД ЦЕЛ ФЕВРУАРИОд почетокот на пандемијата, во Македонија се починати вкупно 3.545, од кои 1.142 во Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Во март починаа 408 луѓе од компликации предизвикани од ковид-19, заклучно со вчера (24 март), што е за 160 повеќе од цел февруари, кога починаа 248 луѓе, според официјалните бројки од Институтот за јавно здравје. Дневните бројки на починати од ковид-19 почнаа да растат од 9 март, кога беа регистрирани 22-ца починати, а најмногу починати месецов имаше на 22 март – 30. Од почетокот на пандемијата, во Македонија се починати вкупно 3.545, од кои 1.142 во Скопје.

    Од Владата синоќа соопштија дека здравствениот систем е стабилен, навреме се проширени капацитетите и нема недостиг на кревети, поради што засега не се размислува за дополнителни рестриктивни мерки за спречување на ширењето на ковид-19.

    Но, пациентите и матичните лекари кои ја контактираа нашата редакција велат дека не е најголем проблем бројот на болнички кревети, туку третманот и следењето на болеста кај оние што се со полесна и средно-тешка клиничка слика и не се за хоспитализација. Тие луѓе едноставно се оставени сами на себе.

    На пример, испитувања на Д-димери и Це-Ер-Пе за ковид болните во Скопје, биохемиски анализи кои се од витално значење за правилно следење на состојбата на болеста, се прават само по еден час во денот во поликлиниките „Бит Пазар“, „Јане Сандански“ и „Драчево“, па пациентите и матичните лекари реагираат дека тешко се доаѓа до слободен термин.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира