ГЕРМАНСКИТЕ ДОКТОРИ ПОБАРАА СТРОГ ДВОНЕДЕЛЕН КАРАНТИН ЗА ДА НЕ СЕ ПРЕПЛАВАТ БОЛНИЦИТЕ

    ГЕРМАНСКИТЕ ДОКТОРИ ПОБАРАА СТРОГ ДВОНЕДЕЛЕН КАРАНТИН ЗА ДА НЕ СЕ ПРЕПЛАВАТ БОЛНИЦИТЕИнститутот „Роберт Кох“ денеска соопшти највисока бројка на заразени на 100.000 жители уште од средината на јануари - 124,9. (Фото: ДПА)

    Германските доктори од интензивна нега предупредуваат дека единствен начин да спречи преплавување на болниците додека земјата се справува со трет бран на инфекции од коронавирусот е двонеделен строг карантин.

    „Потребен е микс од строг карантин, вакцинација и тестирања за да се спречи преплавување на одделенијата за интензивна нега“, кажа Кристијан Карајанидис, шеф на Германската асоцијација за интензивна нега и итна помош.

    Тој ги повика политичарите да ги запрат најавените отворања на земјата, која се соочува со рапидно зголемување на бројот на нови случаи на ковид-19.

    „Барам од политичарите да не го оставаат на цедило медицискиот персонал“, додаде Карајанидис.

    Институтот „Роберт Кох“ денеска соопшти највисока бројка на заразени на 100.000 жители уште од средината на јануари – 124,9. Вчера, оваа бројка беше 119,1.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира