Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска изјави дека следната недела во Бугарија ќе пристигнат над 200.000 вакцини против ковид-19, од кои тој ќе предложи 5.000 да бидат испратени во Македонија.
„Ќе предложам 5.000 вакцини да испратиме во Република Северна Македонија, како вистински гест за здравјето на луѓето. Во април ќе добиеме повеќе од милион вакцини, убеден сум“, изјави Борисов, за време на посета на гасовод во Лозенец.
Македонскиот министер за здравство Венко Филипче на 22 декември присуствуваше на седница на бугарската влада, по што кажа дека Бугарија од секоја пратка на вакцини против ковид-19, кои директно ги купиле од производителите, дел ќе донира и на нашата земја. Оттогаш, ова е прва најава од Бугарија за донација на вакцини за Македонија.