Поранешни новинари во А1 телевизијата денеска биле викнати во Специјалното јавно обвинителство како сведоци, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.
Од СЈО потврдија дека неколку новинари се викнати како сведоци во врска со истраги што ова Обвинителство ги води за изборни нерегуларности. Од СЈО не откриваат детали бидејќи се работи за предистражна постапка.
Првиот случај што го отвори СЈО под кодно име „Титаник“ беше за изборни манипулации во февруари.
Осомничени беа поранешен министер за внатрешни работи, поранешен министер за транспорт и врски, поранешен генерален секретар на Влада, како и други лица за кривични дела поврзани со изборите и гласањето,
Во 2011 година, новинари на А1 телевизија направија серија прилози како вработените во јавната и во државната администрација обезбедуваат списоци за определен број сигурни гласачи за владејачката ВМРО-ДПМНЕ за да докажат притисоци врз државните службеници да гласаат за една партија.