Лондон не забележа смртен случај од ковид-19 во еден ден за првпат во последните шест месеци. Здравствените власти објавија дека на 28 март не е регистрирана смрт на пациент кој имал позитивен тест за коронавирус во изминатите 28 дена.
На врвот на кризата во април минатата година, во Лондон дневно имало околу 230 починати од компликации од коронавирусот. На Лондон отпаѓаат 12% од сите смртни случаи од ковид-19 во Велика Британија и тој беше епицентар на првиот бран на пандемијата.
„Ова е фантастичен момент, но далеку сме од враќање во нормала. Сега имаме само седум пациенти на интензивна нега и очекуваме и тие да бидат подобро“, изјави Џим Даун, лекар од Универзитетската колеџ болница во Лондон.
Од почетокот на пандемијата, 708.000 луѓе во Лондон имале позитивен тест, од кои 15.000 починале во рок од 28 дена. Севкупно, 18.000 луѓе од Лондон се заведени како починати од ковид-19.