Вакцината против ковид-19 развиена од Оксфорд и „АстраЗенека“ отсега ќе се вика „Ваксзеврија“, објави Шведската агенција за лекови, повикувајќи се на податоците од Европската агенција за лекови (ЕМА).
Самата вакцина останува непроменета и Шведската агенција кажа дека ова ќе биде важно при пакувањето и рекламирањето. Промената на името била одобрена на 25 март.
Вакцината на „АстраЗенека“ е една од главните теми на дискусија веќе неколку недели, прво зашто компанијата не ги испочитува договорите за испорака во Европска Унија, а потоа нејзината употреба привремено беше прекината во некои држава откако беше поврзана со појава на тромбоза.