„ЏОНСОН И ЏОНСОН“ ЌЕ УНИШТИ 15 МИЛИОНИ КОВИД ВАКЦИНИ ОТКАКО СОСТОЈКИТЕ БИЛЕ ПОГРЕШНО ИЗМЕШАНИ

    „ЏОНСОН И ЏОНСОН“ ЌЕ УНИШТИ 15 МИЛИОНИ КОВИД ВАКЦИНИ ОТКАКО СОСТОЈКИТЕ БИЛЕ ПОГРЕШНО ИЗМЕШАНИПоради инцидентот во фабриката во Балтимор, идните испораки на вакцината ќе доцнат со недели (Фото: Гети)

    Поради инцидент во производствен погон во Балтимор, „Џонсон и Џонсон“ ќе мора да уништи 15 милиони дози од својата вакцина против ковид-19, поради што идните испораки ќе доцнат со недели, објави „Њујорк тајмс“. Компанијата потврди дека открила проблем со квалитетот на вакцината.

    Според весникот, станува збор за човечка грешка, откако вработени во фабриката на „Емерџент бајосолушнс“ ги измешале состојките на вакцината. Агенцијата за храна и лекови на САД го истражува инцидентот, кој не се одразил на веќе испорачаните вакцини.

    Погонот на „Емерџент“ во Балтимор произведува две различни вакцини против ковид-19, на „Џонсон и Џонсон“ и на „АстраЗенека“.

    Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ беше одобрена во САД на 27 февруари и компанијата кажа дека планира да произведе една милијарда дози до крајот на годината.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира