БОРИСОВ Ѝ ПОНУДИ МИР НА ОПОЗИЦИЈАТА И ФОРМИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТСКА ВЛАДА

    БОРИСОВ Ѝ ПОНУДИ МИР НА ОПОЗИЦИЈАТА И ФОРМИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТСКА ВЛАДАБугарските медиуми јавуваат дека броењето гласови оди многу бавно и дека досега се обработени помалку од 50% (Фото: АП)

    Бојко Борисов ја предложи идејата за формирање експертска влада која би била поддржана од широко парламентарно мнозинство, откако сите излезни анкети покажаа дека неговата партија ГЕРБ е победник на вчерашните избори во Бугарија. Бугарските медиуми јавуваат дека броењето гласови оди многу бавно и дека досега се обработени помалку од 50%.

    Борисов на Фејсбук напиша дека со здружувањето на силите со опозицијата може да се постигне политичка стабилност во земјата.

    „Ви нудам мир. Ајде да назначиме експерти, со цел до декември да ја надминеме пандемијата и да тргнеме напред. Тоа е мојата понуда до вас. Ајде да ги избереме најдобрите луѓе да ја завршат работата. Заедно сме посилни“, кажа Борисов.

    Тој лани се соочи со секојдневни антивладини протести, на кои се бараше негова оставка поради неуспехот да се справи со корупцијата во земјата. И ако победи на изборите, аналитичарите велат дека ќе има голем проблем да состави влада.

    Според последните објавени резултати, ГЕРБ води пред партијата Има таков народ, што лани ја основа популарниот шоумен Слави Трифонов и Бугарска социјалистичка партија, додека ВМРО на Каракачанов се бори да го надмине прагот за влез во парламентот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира