АНГЛИЧАНИТЕ ЌЕ ДОБИВААТ ПО ДВА БЕСПЛАТНИ БРЗИ ТЕСТОВИ ЗА КОРОНАВИРУС НЕДЕЛНО

    АНГЛИЧАНИТЕ ЌЕ ДОБИВААТ ПО ДВА БЕСПЛАТНИ БРЗИ ТЕСТОВИ ЗА КОРОНАВИРУС НЕДЕЛНОБесплатните брзи тестови досега беа наменети само за ранливите групи (Фото: ДПА)

    Сите во Англија ќе имаат можност бесплатно да се тестираат за коронавирус со брзи тестови двапати неделно, почнувајќи од овој петок, откако владата ја прошири својата програма за тестирање.

    Комплетите за брзо тестирање, кои даваат резултати за половина час, ќе бидат достапни бесплатно на пунктовите за тестирање, во аптеките или преку пошта, а компаниите ќе може да ги нарачаат за своите вработени. Министерот за здравство Мет Хенкок вели дека ова ќе спречи нови ширења на коронавирусот, како што ќе се олеснуваат рестриктивните мерки. Бесплатните брзи тестови досега беа наменети само за ранливите групи.

    На 12 април, Велика Британија влегува во следна фаза од олеснувањето на ковид мерките, кога ќе се отворат несуштинските продавници, а пабовите и рестораните ќе може да служат на отворено.

    Критичарите на програмата сметаат дека ова е скандалозно расфрлање со пари.

    „Тестирањето е апсолутно неопходно за да не се загрози успехот на нашата програма на вакцинирање. Додека внимателно ги олеснуваме мерките, тоа ќе стане уште поважно“, изјави премиерот Борис Џонсон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира