Три коња повеќе од два километра денеска беа учесници во сообраќајот на новиот експресен пат Штип-Велес. Тие се приклучиле на крстосницата за селото Мамутчево и по десната коловозна лента одеа кон Велес. Возачите кои се движеа од Штип кон Велес беа принудувани да подзастануваат и да ги заобиколуваат коњите.
Благодарение на внимателноста на возачите, сѐ помина без инцидент или незгода. Дури кога дојдоа на Велешко брдо, едно возило се паркираше на помошната лента и двајца млади ги избркаа коњите во околната нива.
Овој експресен пат нема заштитна ограда од Велес до клучката со новиот автопат Штип-Скопје кај Кадрифаково.
Т. ЈОВАНОВСКИ