НАСА ГО ОДЛОЖИ ПРВИОТ ЛЕТ НА ХЕЛИКОПТЕРОТ НА МАРС ПОРАДИ ТЕХНИЧКИ ПРОБЛЕМИ

    НАСА ГО ОДЛОЖИ ПРВИОТ ЛЕТ НА ХЕЛИКОПТЕРОТ НА МАРС ПОРАДИ ТЕХНИЧКИ ПРОБЛЕМИХеликоптерот кој слета на Марс со роверот „Персеверанс“ на 18 февруари, нема да го има првиот лет пред 14 април. (Фото: НАСА)

    НАСА го одложи својот прв лет на хеликоптер на Марс оти се обидува да ги поправи техничките проблеми на минијатурниот хеликоптер „Генијалност“, соопшти Американската вселенска агенција. Хеликоптерот кој слета на Марс со роверот „Персеверанс“ на 18 февруари, нема да го има својот прв лет пред 14 април. Претходно летот беше најавен за денес, 11 април.

    НАСА соопшти дека тестот за брзо вртење на роторите на хеликоптерот завршил порано, откако се појавиле проблеми при преминот на режимот пред летање на режим летање.

    „Хеликоптерот е безбеден и во исправна состојба. Веќе ги испрати своите информации на Земјата“, соопшти НАСА.

    Тим експерти работи на дијагностицирање на проблемот и повторно ќе го направи тестот за максимална брзина откако ќе заврши проверката.

    Пробното тестирање се врши така што хеликоптерот, кој тежи околу 1.8 килограми, ќе се обиде да лета околу 3 метри во височина, да остане во едно место 30 секунди и потоа да се врати на површината на Марс. Ова ќе биде прв лет на воздушно летало на друга планета.

    Хеликоптерот е снабден со литиумски батерии и има капацитет за неколку пробни летови еднаш месечно.
    На Марс има екстремни услови – температури од минус 90 степени Целзиусови, ниска гравитација и ретка атмосфера.

    „Персеверанс“ слета на Марс по седуммесечно патување и поминати 470 милиони километри. Една од главните цели на „Персеверанс“ ќе биде да бара знаци на древен живот. Најдобрите примероци ќе се складираат и ќе бидат донесени на Земјата со идни мисии, што ќе почнат во 2026 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира