Швајцарскиот фармацевтски гигант „Рош“ ги претстави новите податоци од третата фаза на тестирањето на коктел на антитела, што треба да го намали ризикот од појава на симптоматски ковид-19. Според компанијата од Базел, коктелот од „касиривимаб“ и „имдевимаб“, што се дава поткожно, го намалува ризикот од симптоматски ковид-19 за 81%.
„Меѓу лицата кои сѐ уште покажувале симптоми на болеста, оние кои го примиле овој коктел се ослободиле од вирусот многу побрзо, а симптомите им траеле многу пократко“, соопшти компанијата.
Таа додаде дека кај заразените асимптоматски случаи коктелот го намалил ризикот од развојот во симптоматски ковид-19 за 31%.
Податоците од истражувањето ќе бидат споделени со регулаторите во САД и Европа, со цел евентуално одобрување на оваа терапија.