Кралот на Тајланд Бумибол Адулјадеj, монарх со најдолг стаж на власт во светот, почина по 70 години на тронот, соопшти кралската палата. Кралот (88), беше многу почитуван од мнозинството жители на Тајланд. Беше сметан за личност која придонесе за стабилизирање на земјата погодена од циклуси на политички немири и повеќекратни воени удари.Последниве години беше со кревко здравје и малку се појавуваше во јавноста.
Принцот Маха Ваџиралонгкорн ќе биде новиот крал, соопшти премиерот Прајут Чан-оча и рече дека во земјата ќе има една година жалост за починатиот крал.
Смртта на кралот се случува додека Тајланд е под воен режим по пулот во 2014.