ЛИКОВНАТА КОЛОНИЈА ВО ПРИЛЕП СТАРА 60 ГОДИНИ СО ИЗВРШИТЕЛ ИСФРЛЕНА ОД ДОМОТ НА КУЛТУРАТА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Прилеп,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЛИКОВНАТА КОЛОНИЈА ВО ПРИЛЕП  СТАРА 60 ГОДИНИ СО ИЗВРШИТЕЛ ИСФРЛЕНА ОД ДОМОТ НА КУЛТУРАТА

    Извршител денеска го исели Центарот за современа ликовна уметност (ЦСЛУ) од просториите што ги користи повеќе од две децении, во објектот на центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Претседателот на Управниот одбор на ова граѓанско здружение, реагира и тврди дека ова извршување е незаконско, затоа што просторот е дивоградба, а во тек е постапка за негова легализација.

    „Ова е класично насилство, преседан, без почитување на право и закони. Центарот постои 59 години и преку 700 уметници од сите континенти во светот твореле овде во Прилеп со над 1000 дела, слики, скулптури. А, сега што се случи, вработени од Домот на културата беа ангажирани да ги вадат овие дела и пренесуваат во тој објект“, вели Горан Ристески, претседателот на Управниот одбор на здружението на граѓани „Центар за современа ликовна уметност“.

    Полномошникот на ЦСЛУ, адвокатот Жаре Стеваноски, најавува дека ќе бидат поднесени кривични пријави за злоупотреба на службена должност и овластување против извршителот и против директорот на центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп.

    „Денеска се спроведуваше извршување поради предавање на деловен простор од 75 м2 на булевар Маршал Тито, бб. А, извршителот, по укажување од директорот на центарот за култура ’Марко Цепенков’ кој неовластено се појави на извршување, го посочи конкретниот простор каде што Центарот за современа ликовна уметност обавува дејност. Ова е преседан во извршувањето на извршни исправи, зашто таа извршна исправа не е подобна, како по однос на локацијата, така по однос на карактерстиките на објектот. Објектот не е сопственост на Република Македонија, туку за него се води постапка за легализација по барање на ЦСЛУ“, истакна адвокатот Стеваноски.

    Но, според директорот на Центарот за култура „Марко Цепенков“ извршување е согласно со пресуда на Апелациониот суд од Битола. Тој тврди дека овој деловен простор е во рамки на Домот, што значи сопственост на Република Македонија. Според него, ЦСЛУ има доволно деловен простор за работа во Институтот за старословенска култура, каде е сместено и депото од слики и скулптури.

    „Министерството за култура си ангажира извршител врз основа на решението од Апелациониот суд, со коешто ЦСЛУ треба да се исели од тие простории. ЦСЛУ користи простор од 500 м2 за свое депо во Институтот за современа ликовна уметност, значи овде не е депото. Таму има простор за секакви услови,овде нема дела, овој простор не работи во текот на целата година, туку вратите се отворени само десетина, петнаесетина дена во годината“, вели директорот Тони Чатлески.

    Според Чатлески, изјавите на полномошникот и ЦСЛУ дека просторот не е сопственост на Република Македонија се само обиди за залажување на јавноста.

    Инаку, Центарот за современа ликовна уметност или популарно Првата ликовна колонија во Прилеп, има 6-децениска традиција. Делата на центарот на реверс се изложени речиси во сите државни институции.

    Делата на Центарот или популарно Првата ликовна колонија во Прилеп, на реверс се изложени речиси во сите државни институции;- скулптура во објектот од каде што денеска е иселен (Фото: СДК:МК)

    Делата на Центарот или популарно Првата ликовна колонија во Прилеп, на реверс се изложени речиси во сите државни институции;- скулптура во објектот од каде што денеска е иселен (Фото: СДК:МК)

    Ова здружение, до пред 10-ина години редовно финансирано од Министерството за култура, неколку години не добива никаква финансиска помош во работата, ниту од локалната власт.Ова, како и последниот чин на извршување, од голем дел од прилепската јавност е толкуван како обид на актуелната власт да ја оневозможи работата на институцијата. За дел од уметничката јавност во Прилеп е нејасно, како власта одвојува пари за новоотворената колонија „Дрен“, а за Ликовната колонија во Прилеп, која има долга традиција на промоција на македонска култура и уметност, нема средства.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира