ОЛИМПИЈАДАТА ВО ТОКИО ВО ОПАСНОСТ ОД НОВО ОДЛОЖУВАЊЕ ПОРАДИ ЧЕТВРТИОТ БРАН НА КОВИД ВО ЈАПОНИЈА

    ОЛИМПИЈАДАТА ВО ТОКИО ВО ОПАСНОСТ ОД НОВО ОДЛОЖУВАЊЕ ПОРАДИ ЧЕТВРТИОТ БРАН НА КОВИД ВО ЈАПОНИЈАВладата на премиерот Јошишиде Суга е решена да ги одржи Олимписките игри, кои беа закажани за лани, и засега негира дека четвртиот бран е сериозен. (Фото: Кјодо Њуз)

    На помалку од 100 дена од почетокот на одложената Олимпијада во Токио, во Јапонија зема замав четвртиот бран на пандемијата на ковид за кој има стравови дека ќе ги надмине претходните три. Дневните случаи на коронавирус се во пораст од почетокот на март и неделава почнаа да надминуваат 4.000 нови инфекции на ден.

    Во 15-те месеци откако во Јапонија беше регистриран првиот случај на ковид-19, има вкупно над 500 илјади потврдени инфекции и речиси 10.000 починати.

    Владата на премиерот Јошишиде Суга е решена да ги одржи Олимписките игри, кои беа закажани за лани, и засега негира дека четвртиот бран е сериозен. Исто така, одбива да прогласи трета вонредна состојба.

    Но, владата има притисок од медицинските лица, кои се погласно зборуваат против владините ставови.

    Претседателот на Јапонската медицинска асоцијација Тошио Накагава во средата изјави дека е неопходна вонредна состојба за да се спречи ширењето на коронавирусот. Харуо Озаки, претседателот на Медицинската асоцијација на Токио вели дека ако заразата се прошири, ќе биде навистина тешко да се одржи Олимпијадата во нејзината регуларна форма, со спортисти од целиот свет, дури и без гледачи.

    Дури владиниот советник за здравство, Шигеру Оми, сведочеше пред парламентарна комисија неделава дека нема сомнеж дека Јапонија влегува во четврт бран на инфекции.

    Во четвртокот, вториот човек во владејачката партија ЛДП, генералниот секретар Тоширо Никаи, кажа дека Олимпијадата можеби треба да се одложи.

    „Која е поентата на Олимписките игри ако поради нив почне да се шири заразата?“, праша тој во телевизиско гостување.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира