Русија објави дека прогласила двајца бугарски дипломати за персона нон грата и им наредила да ја напуштат земјата, како одговор на одлуката на Софија да протера двајца руски дипломати минатиот месец. Ова следува откако Русија избрка и дипломати од САД, Чешка и Полска во изминатите пет дена, заострувајќи ги своите односи со запад.
„Русија не треба да се обвинува за порастот на тензиите. Странските земји би требало да се воздржат од масовната антируска психоза“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.
Во март, Бугарија протера двајца руски дипломати осомничени за шпионажа, откако шест лица, вклучувајќи сегашни и бивши воени разузнавачи, беа обвинети за шпионирање за Русија. Обвинителите кажаа дека групата проследувала доверливи информации за Бугарија до руската амбасада во Софија.
Руското министерство за надворешни работи кажа дека двајцата дипломати од амбасадата на Бугарија треба да ја напуштат земјата во рок од 72 часа.
„Ова е директен одговор на бркањето на руските дипломати во март“, соопшти министерство за надворешни работи на Бугарија.